| четврток, 6 декември 2018 |

И Кипар го откажа учеството на самитот во Лондон поради Македонија

Кипарскиот министер за одбрана, Христофорос Фокаидис, го откажа учеството на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон поради тоа што нашата земја учествува под уставното име.

summit.jpg500

Грчкиот весник „Прото тема“ пишува дека организаторите на самитот одбиле да го „коригираат“ името Македонија по што Кипар и Грција го откажале своето учество, јави дописникот на МИА од Атина.

Според информации на „Прото тема“, Фокаидис вчера доцна попладне требало да замине за Лондон, надевајќи се дека британското МНР, кое го организира состанокот, ќе направи корекции со името на Скопје. Сепак организаторот тоа не го направил, и Грција и Кипар одлучиле да не учествуваат. Добро упатени извори соопштиле дека имало контакти меѓу министерствата за одбрана и за надворешни работи во Атина и Никозија при што било договорено да се заземе заеднички став.

Актерката и амбасадорка на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Анџелина Џоли, и британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, се домаќини на четиридневниот самит на кој присуствуваат претставници од над 140 држави од светот, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top