Град Скопје нема надлежност за зголемување на работното време за настани во кои не се коорганизатори, изјави градоначалникот Коце Трајановски. Околу продолжување на работното време на локалите во центарот на градот поради почетокот на Светското првенство во Бразил, тој посочи дека разговарале со службите за оваа тема.
– Го зголемуваме работното време за „Белата ноќ“ и за уште една манифестација, кои се од значење за Град Скопје и каде се јавуваме како организатор или поддржувач, појасни Трајановски. Според него, за еднаков третман на граѓаните, сите градови во Македонија треба да го зголемат работното време, а не само Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


