| четврток, 6 декември 2018 |

Првенството нема да диктира работно време

bar  kafi sankГрад Скопје нема надлежност за зголемување на работното време за настани во кои не се коорганизатори, изјави градоначалникот Коце Трајановски. Околу продолжување на работното време на локалите во центарот на градот поради почетокот на Светското првенство во Бразил, тој посочи дека разговарале со службите за оваа тема.

– Го зголемуваме работното време за „Белата ноќ“ и за уште една манифестација, кои се од значење за Град Скопје и каде се јавуваме како организатор или поддржувач, појасни Трајановски. Според него, за еднаков третман на граѓаните, сите градови во Македонија треба да го зголемат работното време, а не само Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top