| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни факти за женскиот мозок

Женскиот мозок е фасцинантен сам по себе, а посебно интересни работи се случуваат кога жената ќе стане мајка. Главни виновници за тоа се хормоните, кои имаат големо влијание на женскиот мозок, па така, на пример, жените најмалку пари трошат за време на менструалниот циклус, а многу повеќе кога се во фаза на овулација.

Од друга страна, оние кои раѓале знаат дека жените во тие моменти имаат речиси неверојатно моќ на забележување на се што се случува околу нив.

Иако сите мислат дека породилните болки ги попречуваат сите сетила, вистината е сосема спротивна, а тоа е дека жените се свесни и за најмалата работа која се случува околу нив.

Хормонот на љубовта, окситоцин, има силно влијание врз жените, бидејќи се лачи при породување и доење, со цел да се зајакне врската меѓу мајката и детето, но по 50-годишна возраст неговата концентрација се намалува. Тогаш во фокусот на жената не се децата, туку таа се враќа на кариерата или некое одамна заборавено хоби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top