| четврток, 6 декември 2018 |

Питомци од осум земји во регионот на заедничка вежба на Криволак

krivolak

Во Криволак денеска свечено ќе биде отворен „Летниот кампус 2014“ што ќе се одржува до 20 јуни  во центарот за обука „Пепелиште“ и на армискиот полигон „Криволак“.

Меѓународниот проект „Летен кампус 2014“ кој се одржува по петти пат, ќе им овозможи на питомците од осум земји од регионот и пошироко, меѓу кои и од САД, Германија и Турција, да се запознаат и стекнат со теоретски и практични знаења на полето на одбраната и безбедноста, особено со менаџментот со одбранбените ресурси во демократските општества.

На свеченото отворање на кампусот ќе се обрати заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top