Не сте сигурни точно кога се случи, но ви се чини дека таканаречената „кора од портокал“ ви ги опседна бутовите и задникот за многу кратко време?
За среќа постои одличен, евтин и ефективен начин како повторно да добиете мазна и затегната кожа.
Се работи за јога поза која ќе ви помогне во борбата со целулитот.
Истражувањата докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин за да го поттикнете протокот на лимфа, за елиминација на токсини и намалено задржување на течности во телото.
Секојдневно практикувајте ја по 20 минути, а доколку немате време секој ден, обидете се барем трипати неделно.
Вежбата мора да ја правите смирено и бавно. Резултатите ќе бидат видливи за месец дена.
Изведување на вежбата:
Заземете став со благ расчекор. Ставете ги рацете на колковите, а десната нога поткренете ја и свиткајте ја наназад кај коленото. Полека подигајте ја нагоре. Со лесни движења, 20 пати турнете ја петата нагоре.
Кога ќе завршите со подигнувањето, со десната рака фатете го десниот зглоб. Повлечете ја ногата нагоре, а истовремено левата рака кренете ја во вис.
poza-so-koja-site-zeni-moze-da-se-oslobodat-od-celulitot-za-1-mesec-3.jpg
Во таа положба останете 20 секунди. Правилно дишете.
Вратете се во почетната положба и повторете со другата нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.