Во Криволак денеска свечено ќе биде отворен „Летниот кампус 2014“ што ќе се одржува до 20 јуни во центарот за обука „Пепелиште“ и на армискиот полигон „Криволак“.
Меѓународниот проект „Летен кампус 2014“ кој се одржува по петти пат, ќе им овозможи на питомците од осум земји од регионот и пошироко, меѓу кои и од САД, Германија и Турција, да се запознаат и стекнат со теоретски и практични знаења на полето на одбраната и безбедноста, особено со менаџментот со одбранбените ресурси во демократските општества.
На свеченото отворање на кампусот ќе се обрати заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.