Од задутре, среда ќе започне продажбата на влезниците за реванш мечот меѓу Македонија и Грција за пласман на ракометното СП во Катар 2015 година.
Билетите чинат 300 и 400 денари, а според интересот се очекува експресно да се продадат. Првиот меч во Атина го добивме со 27-25 и реваншот веројатно ќе биде само формалност, но ривалитетот со Грција е голем на сите полиња па салата „Борис Трајковски“ сигурно ќе биде полна. Мечот се игра во недела на 15 јуни од 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.