Португалскиот стратег Жозе Мурињо на хуманитарен меч покажа зошто го носи прекарот „Специјалниот“.
Стратегот на лондонскиот тим Челси е познат по своето чудно однесување, а тоа го потврди и на хуманитарен меч.
Имено, се одигра хуманитарен меч „Остатокот од светот“ против Англија, селекција составена од фудбалски, но и други ѕвезди.
На тој натпревар одигран на „Олд Трафорд“, Мурињо влета на теренот и го „покоси“ Оли Мерс, музичар и ТВ водител, кој настапуваше за селекцијата на Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.