| четврток, 6 декември 2018 |

Маркантниот Салвадор Дали и денес е симбол за ексцентричност

Ко­га имав шест го­ди­ни, са­кав да би­дам го­твач, а во сед­ма­та го­ди­на са­кав да би­дам ка­ко На­по­ле­он. От­то­гаш мо­и­те ам­би­ции са­мо рас­теа, се збо­ро­ви­те со кои Да­ли ја поч­ну­ва сво­ја­та авто­би­о­гра­фи­ја

Dali91-1

Иа­ко не е ме­ѓу жи­ви­те, не­го­ва­та лич­ност и умет­ност не пре­ста­ну­ва­ат да ин­три­ги­ра­ат и ден-де­нес. Сал­ва­дор Да­ли е еден од најз­на­чај­ни­те умет­ни­ци на 20 век. Тој бе­ше на­дре­а­ли­сти­чки сли­кар, пи­са­тел, ва­јар, сце­но­граф и актер.

– Ќе би­дам ге­ниј и цел свет ќе ми се во­о­ду­ше­ву­ва. Мо­же­би ќе би­дам пот­це­нет и ло­шо сфа­тен, но ќе би­дам ве­ли­чес­твен ге­ниј, во тоа сум си­гу­рен – за­пи­шал во сво­јот днев­ник уште на 16 го­ди­ни.

Исфр­лен е од Ака­де­ми­ја­та на уба­ви умет­но­сти не­по­сред­но пред дип­ло­ми­ра­ње­то би­деј­ќи из­ја­вил де­ка на фа­кул­те­тот ни­кој не е до­вол­но ком­пе­тен­тен за да го оце­ну­ва.

– Ко­га имав шест го­ди­ни, са­кав да би­дам го­твач, а во сед­ма­та го­ди­на са­кав да би­дам ка­ко На­по­ле­он. От­то­гаш ам­би­ци­и­те са­мо ми рас­теа – се збо­ро­ви­те со кои Да­ли ја поч­ну­ва сво­ја­та авто­би­о­гра­фи­ја.

По­ра­ди те­шки­от ка­ра­ктер и бун­тов­нич­ка­та при­ро­да, бил из­бр­кан ре­чи­си од си­те учи­ли­шта. Во те­кот на шко­лу­ва­ње­то во Ма­дрид, екс­пе­ри­мен­ти­рал со ку­биз­мот и со да­да­из­мот и ту­ка ги за­поз­нал Лор­ка и Бу­њу­ел, кои ќе ста­нат не­го­ви бли­ски при­ја­те­ли.

Dali91-2

Ку­ќа­та на Сал­ва­дор Да­ли де­нес е му­зеј

Dali91-3Ме­сто­то ка­де што жи­ве­ел Да­ли од 1930 до 1982 го­ди­на де­нес е поз­на­то ка­ко „Порт­ли­гат ку­ќа-му­зеј“ (Portlligat Museum-House). По смрт­та на не­го­ва­та со­пру­га и му­за, Га­ла (1982), тој се пре­се­лил во за­мо­кот Пу­бол. Ку­ќа­та е ло­ци­ра­на во Ка­да­кес и ори­ги­нал­но би­ла ри­бар­ски ко­ли­би. Да­ли поч­нал со нив­но уре­ду­ва­ње ед­на по ед­на, по­ле­ка спо­ју­вај­ќи ги со по­себ­ни вле­зо­ви. Це­ла­та ку­ќа ја реф­ле­кти­ра умет­нич­ка­та сен­зи­тив­ност на Да­ли, со­др­жеј­ќи го не­го­ви­от дух во се­кој дел од ку­ќа­та и од ме­бе­лот, кои тој сам ги ди­зај­ни­рал.

Сли­карс­тво­то не му би­ло единс­тве­на страст, не­го­ви­от опус оп­фа­ќа и фил­мо­ви. Со­ра­бо­ту­вал со Бу­њу­ел во „Ан­да­лу­зи­ски пес“ и со Хич­кок во „Ма­ѓеп­са­ни­от“.

Пр­ва­та са­мо­стој­на из­лож­ба на Да­ли се одр­жа­ла во 1925 го­ди­на во Бар­се­ло­на. Не­го­во­то име би­ло до­вол­но са­мо по се­бе за да прив­ле­че вни­ма­ние ду­ри и кај слав­ни­те Паб­ло Пи­ка­со и Жо­ан Ми­ро.

– Пи­ка­со и јас сме умет­ност – ре­кол Да­ли ко­га го за­поз­нал сво­јот со­на­род­ник во Па­риз.

За­мо­кот „Га­ла Да­ли“

Да­ли го ку­пил овој сред­но­ве­ко­вен за­мок, ло­ци­ран во Пу­бол, и го пре­тво­рил во дом за не­го­ва­та обо­жа­ва­на со­пру­га Га­ла. Се ши­ре­ле гла­си­ни де­ка тој не мо­жел да го по­се­ту­ва за­мо­кот без пис­ме­на по­ка­на од Га­ла. По неј­зи­на­та смрт, се пре­се­лил во за­мо­кот и во не­го жи­ве­ел две го­ди­ни. Та­му ги на­пра­вил сво­и­те пос­лед­ни де­ла. Во по­дру­мот се на­о­ѓа мав­зо­ле­јот на Га­ла. Жел­ба на Да­ли би­ла и тој да би­де за­ко­пан на тоа ме­сто, но не­го­во­то те­ло по­чи­ва во Фи­ге­рас.

Во 1963 го­ди­на Сал­ва­дор Да­ли учес­тву­вал на Ме­ѓу­на­род­на­та лон­дон­ска на­дре­а­ли­стич­ка из­лож­ба, на ко­ја одр­жал го­во­р об­ле­чен во нур­кач­ки ко­стим. Са­кал да по­ка­же де­ка „дла­бо­ко нур­ка во чо­веч­ки­от ум“.

За­бе­ле­жан е и по тоа што ме­ѓу пр­ви­те ја во­вел хо­ло­гра­фи­ја­та во умет­но­ста. Го­лем број од не­го­ви­те де­ла со­др­жат оп­тич­ки илу­зии, а сме­тал и де­ка му­ста­ќи­те му слу­жат ка­ко „ан­те­ни за ко­му­ни­ка­ци­ја со вон­зем­ја­ни­те“.

Dali91-4

Те­а­тар-му­зеј Да­ли

Те­а­та­рот-му­зеј Да­ли, ло­ци­ран во Фи­ге­рас, е всуш­ност и нај­до­бри­от дел од овој „три­а­гол­ник“. До­мот на Да­ли и за­мо­кот на Га­ла го да­ва­ат не­го­ви­от ли­чен пог­лед кон умет­но­ста и кон не­го­ва­та му­за. Овие две ме­ста се ос­но­ва на се­то тоа што го прет­ста­ву­ва Те­а­та­рот-му­зеј. Об­је­ктот се сме­та за еден од нај­го­ле­ми­те на­дре­а­ли­стич­ки об­је­кти во све­тот. Тој е из­гра­ден од по­ра­неш­ни­от те­а­тар на Фи­ге­рас. Со­др­жи де­ла од не­го­ва­та ра­на ка­ри­е­ра, ка­ко и не­го­во­то пос­лед­но де­ло за­вр­ше­но во за­мо­кот на Га­ла. Да­ли има на­пра­ве­но го­лем дел од умет­но­ста спе­ци­јал­но за му­зе­јот. Тој си игра со чо­ве­ко­ва­та пер­цеп­ци­ја во го­лем дел од ди­зај­нот на згра­да­та.

Не­кои твр­дат де­ка ге­ни­јал­ци­те мал­ку спи­јат. Тој имал оби­чај да за­дре­ме на фо­тел­ја­та со сре­бре­на ла­жич­ка во ра­ка­та. Штом ќе зас­пи­ел, ла­жич­ка­та па­ѓа­ла и го бу­де­ла, а тој ста­ну­вал свеж и под­го­твен за ра­бо­та.

Ко­га умет­ни­кот Пол Ели­јар го по­ви­кал да ја нас­ли­ка не­го­ва­та со­пру­га, Да­ли се вљу­бил во неа. Га­ла (Еле­на Ива­нов­на Да­и­ко­но­ва Га­ла) би­ла еди­на­е­сет го­ди­ни по­ста­ра од Да­ли. Ру­ска­та ими­гран­тка на­ско­ро му ста­на­ла со­пру­га, но исто­вре­ме­но и при­ја­тел­ка, му­за, љу­бов­ни­ца, мо­дел и де­лов­на аген­тка. Таа нај­до­бро ги оце­ну­ва­ла не­го­ви­те сли­ки. И двај­ца­та де­ле­ле исти екс­цен­т­рич­ни идеи. Че­сто ше­та­ле низ ули­ци­те на Ма­дрид, Па­риз и на Лон­дон, при што Да­ли бил об­ле­чен во раз­лич­ни ко­сту­ми, а Га­ла не­ко­гаш би­ла и го­ла.

Во 1982 го­ди­на кра­лот Ху­ан Кар­лос Пр­ви го име­ну­ва за мар­киз од Пу­бол. Иста­та го­ди­на уми­ра и не­го­ва­та са­ка­на Га­ла. По неј­зи­на­та смрт, ја гу­би жел­ба­та за жи­вот и по­ве­ќе па­ти се оби­ду­ва да се са­мо­у­бие. Не­кои би­о­гра­фии на­ве­ду­ва­ат де­ка пос­лед­ни­те го­ди­ни од жи­во­тот чу­ва­ри­те го при­ну­ду­ва­ле Да­ли да пот­пи­шу­ва праз­ни плат­на, па тр­гов­ци­те се вни­ма­тел­ни по­ра­ди тој факт.

Сал­ва­дор Да­ли по­чи­на во 1989 го­ди­на слу­шај­ќи ја опе­ра­та „Три­стан и Изол­да“, а сво­е­то бо­гат­ство го оста­ви на Шпа­ни­ја.

Ед­на од не­го­ви­те нај­поз­на­ти из­ја­ви е: „Се­кое утро се бу­дам чув­ству­вај­ќи огром­но за­до­волс­тво што сум Сал­ва­дор Да­ли и се пра­шу­вам ка­кви пре­крас­ни ра­бо­ти ќе на­пра­вам де­не­ска“.

Dali91-5

На Јо­ко Оно ѝ про­дал лаж­но влак­но од сво­и­те му­ста­ќи за 10.000 до­ла­ри

Во це­ли­от свој жи­вот Да­ли не мо­же­ше да одо­лее ко­га ќе ви­ди чек со го­лем из­нос, из­ја­ви­ла за фран­цу­ски­от ма­га­зин ВСД по­ра­неш­на­та актер­ка и пе­јач­ка Аман­да Лир, ко­ја не­ко­гаш би­ла му­за и љу­бов­ни­ца на шпан­ски­от на­дре­а­ли­стич­ки сли­кар.

Ра­ска­жа­ла де­ка Да­ли ед­наш на Јо­ко Оно ѝ про­дал влак­но од сво­и­те му­ста­ќи.

– Мис­ле­ше де­ка таа е ве­штер­ка и се пла­ше­ше де­ка ќе фр­ли ма­ги­ја врз не­го. Ме пра­ти да на­бе­рам су­ва тре­ва и ја ста­ви во уба­ва ку­ти­ја. Таа пла­ти 10.000 до­ла­ри. Да­ли обо­жа­ва­ше да си по­и­гру­ва со лу­ѓе­то – рек­ла таа.

Тој бе­ше мој про­фе­сор по умет­ност, мој та­тко, мој љу­бов­ник, се при­се­ти­ла Аман­да Лир, ко­ја го за­поз­на­ла Да­ли во 1965 го­ди­на, ко­га тој имал 61, а таа 18 го­ди­ни.

Мар­кант­ни­от шпан­ски сли­кар е за­па­ме­тен по сво­е­то не­се­којд­нев­но и екс­цен­трич­но од­не­су­ва­ње. Спо­ред кри­ти­ча­ри­те, Сал­ва­дор бил пред сво­е­то вре­ме, а ха­лу­ци­на­ци­ја­та е глав­на од­ли­ка во не­го­ви­те де­ла. Тие се ис­пол­не­ти со сим­бо­ли­ка. Нај­поз­на­та сли­ка „Дос­лед­но­ста на се­ќа­ва­ње­то” или поз­на­та ка­ко „Ра­сто­пе­ни­от џе­бен ча­сов­ник” ја под­др­жу­ва Ајн­шта­но­ва­та те­о­ри­ја де­ка вре­ме­то е ре­ла­тив­но, а не фикс­но.

– Не мо­же ни да се поч­не со на­бро­ју­­ва­ње за тоа кол­ку има соз­да­де­но Да­ли. Огром­на има­ги­на­ци­ја е не­до­вол­но об­јас­ну­ва­ње за не­го­ва­та ра­бо­та. Што се од­ви­ва­ло во не­го­ва­та гла­ва? Ве­ро­јат­но бу­ри, и тоа од нај­сил­ни­те – ве­лат кри­ти­ча­ри­те.

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 91. број на неделникот „Република“, 30.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top