| четврток, 6 декември 2018 |

Светот е луд по стаклените торти на Олга (РЕЦЕПТ+ГАЛЕРИЈА)

Олга од Русија, креира слатки кои изгледаат како совршени мермерни огледала, а ние не би сакале да ги уништиме ни со допир, а кога би каснале парче од нив, тоа би било голема чест.

stakleni torti (4)

Доколку сте заинтересирани да ги направите овие колачи, ние ќе ви ја откриеме тајната, како да ги направите овие глазури.

Материјали кои се потребни: 20 грама желатин во прав, 1,20 дл. вода, 300 грама гликоза, 300 грама шеќер, повторно вода од 1,50 дл., 200 грама засладено кондензирано млеко, 300 грама чоколадо (бело,млечно,темно или комбинација) и боја за храна.

stakleni torti (11)

Рецепт:

1. Ставете го желатинот во вода.

2. Гликозата ставете ја да зоврие, додадете го шеќерот во прав и вториот дел од водата.

3. Тргнете од ринглата и додадете го желатинот.

4. Додадете го засладеното кондензирано млеко.

5. Прелијте со чоколадо и мешајте така да целиот воздух излезе од смесата.

6. Одржувајте ја глазурата на температура од 35 степени и додате од бојата – која сакате. Мермерниот изглед на колачот се постигнува со прелевање преку негу со различни бои од глазурата, одеднаш. Доколку сакате некој друг ефект, ставете на глазурата ситно мелени кекси во боја или ситно мелени ореви и плодови во иста боја како глазурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top