Грчките медиуми скромно го проследија ракометниот меч во Атина меѓу нашиот јужен сосед и Македонија, а ракометот очигледно е во длабока сенка на фудбалот и кошарката. Оттаму и поразот од 25-27 не им падна тешко, бидејќи беше јасно дека Македонија е огромен фаворит за пат во Катар на Светското првенство. Останува само формалност за нас и во Скопје на 15 јуни да се заверат пасошите за мундијалот во Катар.
„Заслуживме подобар резултат во првиот меч. Грција беше рамноправен противник, а особено добро игравме во второто полувреме. Останува веројатно само формалнсот во Скопје, бидејќи ривалот има голема предност“, стои во извештајот на порталот „Газета. гр“.
Грција дури и водеше во второто полувреме со два гола разлика, 22-20, но со рутинска игра македонските репрезентативци не дозволија изненадување и славеа со два погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


