| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Поповиќ најмил детектив да ја следи Северина со синот?

Milan-i-Severina-sa-sinom-Aleksandrom

Загребската полиција испитува дали Милан Поповиќ изнајмил детектив за да ја прати Северина, мајката на неговото дете. Оваа информација се раширила набрзо откако менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ пријавил дека околу нејзиниот стан на Козјак, се вртка непознат маж.

Мажот бил испитан од страна на Одделението за организиран криминал поради сомневање дека ја следел и тајно ја снимал пејачката и нејзиниот син Александар.

Се воспоставило дека мажот е Маријан Хушко, поранешен припадник на антитерористичката единица Лучко, денешен припадник на обезбедувањето во една дискотена на Зрче. Откако бил идентификуван, бил приведен во просториите на секторот за криминалистичка полиција, под сомнение дека заедно со уште еден маж, ја следеле 42 годишната пејачка.

Поранешниот специјалец, изјавил дека случајно се нашол на улицата на Северина, бидејќи таму често шетал поради влошеното здравје.
Ова не е прв пат да постои сомневање дека некој ја следи Северина. Таа минатиот месец пријавила дека се сомнева дека ја пратат двајца мажи, кои некогаш седат во сребрен автомобил пред нејзината куќа, а исто така и ја фотографираат.

Таа се плаши за нејзината, а и безбедноста на синот.

Како што изјавиле од полиција, се претпоставува дека Милан Поповиќ го ангажирал неговиот адвокат да склучи договор со фирмата која ќе ја следи пејачката за да открие дали таа добро се грижи за синот Александар.

Луѓето на Попoвиќ ги демантираат сите овие тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top