| четврток, 6 декември 2018 |

Роза за целосно фијаско

Не­пос­луш­но­ста на Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска е са­мо кап­ка во ви­те­лот на не­мо­ќта на опо­зи­ци­ја­та. Не­кол­ку­те по­ра­зи по ред во пос­лед­ни­те го­ди­ни, при­тоа не ус­пе­вај­ќи да го за­др­жи ни­ту единс­тво­то ме­ѓу членс­тво­то, без по­ли­тич­ка пла­тфор­ма око­лу ко­ја би се обе­ди­ни­ле ин­те­ле­кту­ал­на си­ла и гра­ѓанс­тво, СДСМ че­ко­ри кон фа­на­ти­зам во бор­ба­та за осво­ју­ва­ње на вла­ста. По тер­кот на ка­пе­та­нот Ахаб, вр­вот на „хар­пу­нот“ е же­лен „да се на­то­пи во крв“ во ло­вот на Мо­би Дик, ка­ко од­маз­да за оса­ка­ту­ва­ње­то

Analiza91-2

По­ра­зот на пос­лед­ни­те двој­ни из­бо­ри за ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја бе­ше са­мо кап­ка во мо­ре­то. Ве­ќе прем­но­гу вре­ме СДСМ по­тро­ши за да се нај­де во ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на. Се­де­ње­то во опо­зи­ци­ја це­ла де­це­ни­ја на оваа не­ко­гаш ба­сти­он-пар­ти­ја, по­ка­жа кол­ку, всуш­ност, по­стои без­и­деј­ност и раз­е­ди­не­тост вна­тре, а се­то тоа за­чи­не­то со страст за ли­чен ус­пех во пар­ти­ска­та стру­кту­ра.

Акту­ел­на­та по­зи­ци­ја на пар­ти­ја­та, ко­ја са­ка се­бе­си да се на­ре­ку­ва чу­вар да со­ци­јал-де­мо­крат­ски­те вред­но­сти, е де­ка не са­мо што е раз­е­ди­не­та од­на­тре, не са­мо што акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво ја не­ма це­лос­на­та вер­ба од членс­тво­то, ту­ку ни­ту чле­но­ви­те ни­ту, пак, јав­но­ста не е на­чи­сто кој, всуш­ност, ја упра­ву­ва пар­ти­ја­та. Ка­ко на ре­ше­ние на се­та таа си­ту­а­ци­ја се гле­да осво­ју­ва­ње­то власт. Со су­во­пар­ни про­гра­ми и ина­ет­ли­ви че­ко­ри, без ре­ше­ни вна­треш­ни про­гра­ми, опо­зи­ци­ја­та е во кон­ти­ну­и­ра­на бор­ба со ВМРО- ДПМНЕ. Без да мис­ли на пос­ле­ди­ци­те, вле­гу­ва во не­про­мис­ле­ни за­фа­ти со дол­го­трај­ни пос­ле­ди­ци, за се­бе, за гра­ѓанс­тво­то, за др­жа­ва­та.

Но, тоа што е одраз на вна­треш­ни­те проб­ле­ми е не­до­сти­гот од енер­ги­ја за да мо­же, на­ви­сти­на, да пре­диз­ви­ка по­ли­тич­ка кри­за. Не­ма ни­ту лик во вид на ли­дер што би по­ви­кал на се­ри­о­зен бој­кот, ни­ту, пак обе­ди­не­тост на членс­тво­то, ни­ту, пак, има сим­па­тии во јав­но­ста за да мо­же да се из­ле­зе на ули­ца и да соз­да­де по­ли­тич­ки су­дир и кри­за.

– Да­ле­ку од ре­ал­но­ста се нив­ни­те за­лож­би и по­ли­ти­ка и во на­со­ка на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си – око­лу устав­но­то име на др­жа­ва­та, и во на­со­ка на ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ по­ли­ти­ко­ло­гот Жи­дас Да­ска­лов­ски.

Ка­ко втор проб­лем тој ги истак­ну­ва не­ма­ње­то јас­на про­гра­ма и стра­те­ги­ја со во­де­ње не­га­тив­на кам­па­ња кон вла­ста и ин­сти­ту­ци­и­те во­оп­што. Во од­нос на ре­ви­ди­ра­ње на иде­о­ло­ги­ја­та, ме­ѓу дру­го­то, Да­ска­лов­ски по­со­чу­ва на „глав­ни­те ли­ко­ви“.

– Глав­ни­те ли­ко­ви во пар­ти­ја­та се да­ле­ку од ра­бот­нич­ка­та кла­са, од­нос­но од ни­ска­та и сред­на кла­са. Тие што се вид­ни чле­но­ви, пред­вод­ни­ци на пар­ти­ја­та, се иден­ти­фи­ку­ва­ат со ра­ко­вод­ни­те стру­кту­ри и функ­ци­о­не­ри од ми­на­ти­от си­стем. Осо­бе­но што не е јас­но кој е ли­дер на СДСМ, во до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки на пар­ти­ја­та се ја­ву­ва­ат и За­ев и Ше­ке­рин­ска, а ви­дов­ме де­ка тоа го пра­ви и Цр­вен­ков­ски. Во тој дел, ста­ва­ње­то не­поз­на­ти ими­ња на из­бор­ни­те ли­сти са­мо ја искомп­ли­ку­ва сли­ка­та за ди­скон­ти­ну­и­тет со не­јас­но водс­тво – до­да­ва Да­ска­лов­ски.

 

Ка­де оди опо­зи­ци­ја­та?

По­де­ле­но­ста ме­ѓу членс­тво­то во СДСМ е вид­ли­во и со го­ло око, и по­крај апе­ли­те и при­ви­дот со кој се са­ка да се соз­да­де сли­ка на единс­тво во јав­но­ста. Дел од до­ско­раш­ни­те пра­те­ни­ци, кои за вре­ме на пос­лед­ни­от кон­грес беа истур­ка­ни и ома­ло­ва­жу­ва­ни, се­га си ги по­ба­раа пра­ва­та за фи­нан­си­ски на­до­мест – апа­на­жа од Со­бра­ни­е­то. Исто­вре­ме­но ра­ко­водс­тво­то ба­ра не­ги­ра­ње на за­ко­но­дав­на­та ин­сти­ту­ци­ја и ги при­си­ли но­во­из­бра­ни­те пра­те­ни­ци да под­не­сат оста­вки. Ка­ко да се ра­бо­ти за две од­во­е­ни пар­тии, со две од­во­е­ни пла­тфор­ми и иде­о­ло­гии.
Во вре­ме на под­го­то­вка на овој текст, акту­ел­на бе­ше по­зи­ци­ја­та на пра­те­нич­ка­та Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска, ко­ја приз­на­ва де­ка не гле­да јас­на стра­те­ги­ја што ќе по­стиг­не опо­зи­ци­ски­от блок со под­не­су­ва­ње­то оста­вки.

Analiza91-1

– Не сум убе­де­на де­ка дејс­тву­ва­ње­то над­вор од ин­сти­ту­ци­и­те ќе би­де со­од­ве­тен од­го­вор во бор­ба­та за де­мо­кра­ти­ја со ре­жи­мот на вла­ста. Мис­лам де­ка ме­сто­то на на­род­ни­те из­бра­ни­ци е во Со­бра­ни­е­то ка­де што тре­ба да ги за­ста­пу­ва­ат ин­те­ре­си­те на гра­ѓа­ни­те што ги из­бра­ле – ве­ли То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска за „Утрин­ски вес­ник“.

По То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска трг­наа и дру­ги из­бра­ни­ци на гра­ѓа­ни­те. Не се сог­ла­су­ва­ат со ра­ко­водс­тво­то и со пре­зе­ме­ни­те че­ко­ри, без при­тоа да се има јас­на стра­те­ги­ја, со ре­де­фи­ни­ра­ни по­чет­ни по­зи­ции. Искус­ни­те со­пар­тиј­ци не пре­поз­на­ва­ат де­ка бој­ко­тот на ин­сти­ту­ци­и­те ќе соз­да­де енер­ги­ја со ко­ја опо­зи­ци­ја би пре­диз­ви­ка­ла се­ри­оз­на кри­за, ко­ја би до­ве­ла до но­ви из­бо­ри и би соз­да­ла ус­ло­ви за пре­зе­ма­ње на вла­ста.

Од членс­тво­то и од гра­ѓа­ни­те бе­ше осу­ден и „стра­те­ги­ски­от“ по­тег на СДСМ да го оправ­да на­силс­тво­то во скоп­ска­та на­сел­ба Ѓор­че Пе­тров. Всуш­ност, са­мо по­ка­жа де­ка џо­ке­рот – ва­де­ње­то лу­ѓе на ули­ца за пре­диз­ви­ку­ва­ње се­ри­оз­на по­ли­тич­ка кри­за, е по­тро­шен.

Се­ри­оз­на пар­ти­ја во опо­зи­ци­ја пр­во што пра­ви е пре­ис­пи­ту­ва­ње на иде­о­ло­ги­ја­та и из­град­ба на но­ва пла­тфор­ма, ко­ја, об­је­ктив­но, би го обе­ди­ни­ла членс­тво­то и би пов­лек­ла но­ви сим­па­ти­зе­ри. Пред сѐ, ин­те­ле­кту­ал­ци од кои би се соз­да­ло нов ја­дро, но­ва енер­ги­ја, око­лу ко­ја би гра­ви­ти­ра­ло гла­сач­ко­то те­ло. Ду­ри то­гаш ќе мо­же да се ка­же де­ка поч­на­ле ре­фор­ми по­го­ле­ми од сме­на на сим­бо­ли­те – да­ли ме­сто ту­па­ни­ца ќе има ро­за, или ме­сто си­на ќе има ви­о­ле­то­ва бо­ја на вра­то­вр­ски­те. Но тоа, пак, зна­чи де­ка та­кво но­во ја­дро би ја пре­зе­ло пар­ти­ја­та од ра­ко­водс­тва­та со ста­ро-но­ви ли­ца.

Иде­о­ло­ги­ја­та е со­се­ма за­гу­бе­на во СДСМ, та­ка што не би ни мо­же­ле да раз­го­ва­ра­ме за пла­тфор­ма, по­со­чу­ва­ат из­во­ри од СДСМ за „Ре­пуб­ли­ка“, кои, раз­бир­ли­во, по­са­каа да оста­нат ано­ним­ни.

– Пла­тфор­ма и иде­о­ло­ги­ја се разг­ле­ду­ва­ат и се ре­де­фи­ни­ра­ат при ди­ску­си­ја на нај­ви­со­ки­те пар­ти­ски те­ла. Ту­ка на Цен­трал­ни­от од­бор би тре­ба­ло да се кр­шат коп­ја­та за тоа ка­де тре­ба да оди пар­ти­ја­та и ка­ко да се дејс­тву­ва во ид­ни­на. Тоа не се пра­ви со по­твр­ду­ва­ње на на­пи­ша­ни­те ма­те­ри­ја­ли со кои ра­ко­водс­тво­то – во слу­ча­јов дво­е­цот Зо­ран За­ев и Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска – до­а­ѓа на со­ста­нок на кој по­твр­да се до­би­ва од бли­ски­те со­ра­бот­ни­ци, кои се из­бра­ни од нив. Тоа не се пра­ви со лу­ѓе што са­ка­ат да се за­шти­тат се­бе­си и сво­и­те ин­те­ре­си со по­тврд­но ни­ша­ње на гла­ва­та – ве­лат чле­но­ви на СДСМ.

– Ако и се збо­ру­ва за ин­те­ле­кту­ал­ци, тоа не мо­же да би­дат тие што за „еден грст до­ла­ри“ би тре­ба­ло да одр­жу­ва­ат ин­тер­нет-пор­та­ли за да се под­др­жу­ва­ат че­ко­ри­те на по­ли­тич­ки­те вр­во­ви во опо­зи­ци­ја­та. Тоа тре­ба да би­дат лу­ѓе што ќе има­ат кри­тич­ки од­нос и кон вла­ста, но и кон опо­зи­ци­ја­та – а тоа му не­до­сти­га на СДСМ. Ин­те­ле­кту­а­лец не зна­чи са­мо за­вр­ше­ни шко­ли, ту­ку кри­тич­ко раз­мис­лу­ва­ње и ви­ду­ва­ње на со­стој­би­те во на­со­ка на се­оп­шта­та до­бро­со­стој­ба во др­жа­ва­та – до­да­ва­ат тие со кои кон­та­кти­ра­ше „Ре­пуб­ли­ка“.

Во тој кон­текст се по­со­че­ни авто­ри на тек­сто­ви и лич­но­сти што има­ат за­да­ча да ги оправ­да­ат и под­буц­ну­ва­ња­та на ме­ѓу­ет­нич­ки тен­зии и су­ди­ри, не­ги­ра­ње на ин­сти­ту­ци­и­те, не­ги­ра­ње на сѐ што е на­пра­ве­но од вла­ста, без при­тоа да се по­ну­ди ре­ал­но сог­ле­ду­ва­ње на со­стој­би­те – „ај­де да не ре­чам да се по­фа­ли вла­ста“ – ка­ко што до­да­ва­ат на­ши­те из­во­ри.

 

Кој ги во­ди СДСМ, ЛДП и НСДП?

За да би­де чи­ста ра­бо­та­та за тоа ка­де би тре­ба­ло да оди опо­зи­ци­ја­та и врз ко­ја иде­о­ло­шка пла­тфор­ма, пр­во тре­ба да се рас­чи­стат не­до­у­ми­ци­те кој ја во­ди опо­зи­ци­ја­та? Од­нос­но, кои се ли­де­ри­те на ко­а­ли­ци­ја­та што дејс­тву­ва единс­тве­но че­ко­реј­ќи по тер­кот на СДСМ?

За вре­ме на под­го­то­вки­те на кон­гре­сот на СДСМ ед­но ин­терв­ју со по­чес­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски го раз­ни­ша и та­ка на­пук­на­ти­от брод, па бе­ше не­оп­ход­но Зо­ран За­ев да за­ми­не на сред­ба кај Цр­вен­ков­ски во обид да ги кон­со­ли­ди­ра пар­ти­ски­те ре­до­ви. Тоа по­ка­жу­ва на кол­ку тен­ки стак­ле­ни но­зе стои опо­зи­ци­ја­та. Кој е, всуш­ност, ли­де­рот? Цр­вен­ков­ски? За­ев? Ше­ке­рин­ска? Та­ка­на­ре­че­ни­те нив­ни „кри­ла“?

За ап­сурд­но­ста да би­де по­го­ле­ма, во таа бор­ба и без­и­деј­ност се вле­зе­ни и две по­ма­ли пар­тии – са­те­ли­ти на СДСМ. НСДП и ЛДП, ме­сто да го за­зе­мат при­ма­тот што СДСМ не­про­мис­ле­но им го оста­ва на тац­на, се оби­ду­ва­ат со дру­гар­ска под­др­шка да му по­мог­нат на го­ле­ми­от брат. Та­ка, две­те пар­тии оста­наа без по­се­бен иден­ти­тет. И до­кол­ку НСДП е „кри­ло“ на СДСМ, гу­бе­ње­то на иден­ти­тет најм­но­гу се отс­ли­ку­ва во дејс­тву­ва­ње­то на ЛДП.
Дел од чле­но­ви­те во СДСМ по­со­чу­ва­ат на Ти­то Пе­тков­ски и не­го­ви­те но­ви со­ци­јал­де­мо­кра­ти ка­ко на глав­ни ви­нов­ни­ци за по­ра­зот на СДСМ во 1996 го­ди­на. То­гаш Пе­тков­ски од ми­тин­зи­те по­ра­чу­ва­ше де­ка „ни­ту ко­же­ни га­ќи не­ма да го спа­сат Цр­вен­ков­ски“. Ко­га си­те оче­ку­ваа од та­му да дој­де но­ва пла­тфор­ма и пре­ис­пи­ту­ва­ње на иде­о­ло­ги­ја­та, Пе­тков­ски се за­ле­пи за СДСМ под­др­жу­вај­ќи ги во акту­ел­на­та без­и­деј­ност.

Во ЛДП со­стој­ба­та не е по­јас­на. Отка­ко пар­ти­ја­та со по­ткре­па на СДСМ до­би гра­до­на­чал­нич­ко ме­сто во оп­шти­на Цен­тар, мно­гу­ми­на ди­ску­ти­ра­ат за тоа кој е ви­стин­ски­от ли­дер-гра­до­на­чал­ник – Ан­дреј Жер­нов­ски или Ри­сто Пе­нов?

ЛДП по ре­ак­ци­ја­та на Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска из­ле­зе со став де­ка таа не­ма да би­де иск­лу­че­на од пар­ти­ја­та. Се­пак, оста­ну­ва не­јас­но ко­го ќе прет­ста­ву­ва То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска – по­ли­тич­ка пар­ти­ја што не ги приз­на­ва из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и со­бра­ни­ски­от со­став?

– Ва­ква­та од­лу­ка на ЛДП зна­чи де­ка по­стои ка­па­ци­тет за вна­тре­пар­ти­ско де­мо­крат­ско дејс­тву­ва­ње, но и ди­со­нант­ност кон над­вор – ку­со ана­ли­зи­ра Да­ска­лов­ски.

Сѐ на сѐ, опо­зи­ци­ја­та не­ма си­ла, ни­ту вол­ја за про­ме­на. Сво­и­те не­до­ста­то­ци, ка­ко и во пер­и­о­дот на вла­де­е­ње, ги зат­скри­ва зад „го­ле­ми­те идеи“. Са­мо се­га, по ед­на де­це­ни­ја во сен­ка, нај­го­ле­ма­та иде­ја е осво­ју­ва­ње из­бо­ри. На кое би­ло ни­во. Ос­ле­пе­ни од од­маз­до­љу­би­вост кон ВМРО-ДПМНЕ, опо­зи­ци­ја­та не вни­ма­ва ни­ту на иде­о­ло­ги­ја, ни­ту на про­гра­ма, ни­ту на по­ра­ки­те кон членс­тво­то или гла­са­чи­те. Ни­ту на пос­ле­ди­ци­те што мо­же да ги пре­диз­ви­ка. Пло­веј­ќи сле­по кон сво­јот Мо­би Дик, се чи­ни, СДСМ ќе се уда­ви ка­ко Ахаб ба­рај­ќи од­маз­да за трај­но­то оса­ка­ту­ва­ње. Та ду­ри и вр­вот на „хар­пу­нот да се на­то­пи во крв“.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 91. број на неделникот „Република“, 30.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top