Првиот заменик премиер на хрватската Влада и министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ на денешната седница упати посебна благодарност до Македонија и Обединетите Арапски Емирати за помошта за санација на штетите од поплавите во источниот дел на Хрватска, јави хрватската агенција Хина.
– Ја користам можноста да се заблагодарам на сите донатори, а особено на Република Македонија, која и самата има сличини проблеми како и нас, но и во тешки услови одлучи да помогне на овој начин – изјави Пусиќ.
ОАЕ доделија еден и пол милион долари помош, што најверојатно ќе биде наменета за купување контејнери, а Македонија уплати 98.550 евра, истакна Пусиќ.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на почетокот на седницата на Владата оцени дека санацијата на штетите тече добро и дека наскоро треба да се пристапи кон конкретни проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



