| четврток, 6 декември 2018 |

Самка по Роза

samka ibraimovski (Custom)

Се намалува бројот на испразнетите места во собраниската сала резервирани за опозицијата. Откако а Роза Топузовска – Карескареши да не ја почитува одлуката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за непризнавање на гласовите од изборите, истото го прави и Самка Ибраимоски од Партијата за целосна еманципација на Ромите. Тој беше шестти во втората изборна единица. Вели дека ќе почека да добие официјално известување од Собранието и од Државната изборна комисија дека му се нуди пратенички мандат, пред да одлучи што ќе направи во врска со тоа.

– Уште немам добиено известување од ДИК ниту од Собранието дека сум следен за пратеничка функција. Не знам зошто се создава врева бидејќи и други ме прашуваат. Кога ќе добијам известување, ќе се изјаснам, односно ќе се изјасни партијата дали ќе се вратиме во Собранието или ќе продолжиме понатаму со бојкотот – изјави Ибраимоски за Плусинфо.

СДСМ во оваа изборна единица освои пет пратенички места. Ибраимовски е прв на листата, откако петте пратеника кои беа на оваа листа не го прифатија пратеничкиот мандат што им беше доделен согласно гласовите на гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top