По абдицирањето на шпанскиот крал Хуан Карлос, кој крната ја остави на својот син Фелипе, британскиот весник „Индепендент“ постави анкета на својата веб-страница „Треба ли кралицата да ја остави круната на принцот Чарлс?“
„Кралицата прослави 61 година од нејзиното крунисување на први јуни со јавање на коњ околу дворецот во Виндзор. Кралот од Шпанија го одбележи моментот со абдицирање. Сега кога Хуан Карлос се откажа од тронот, дали е време Елизабета да го следи истиот чекор?“, прашува „Индепендент“ повикувајќи за тоа да се гласа на анкетата.
Весникот прашањето го постави и на својата страница на „Фејсбук“, илустрирајќи со фотографија на принцот Чарлс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)