Долгоочекуваниот меч против Грција во кој ракометарите на Македонија ќе бидат фаворити во реваншот на 15 јуни, ќе може да се следи во живо во СЦ „Борис Трајковски“ за сума од 300 или 400 денари. Толку ќе чинат билетите за спектаклот во Скопје, што ќе биде втора епизода од бараж двомечот со Грција.
Првиот дуел се игра во Атина на 7 јуни, а реваншот е осум дена подоцна во нашиот главен град.
Од РФМ објавија и дека дополнително со 30 илјади евра ќе го стимулираат пласманот на македонските репрезентативци на СП во Катар 2015 година. За такво нешто ни треба во двата меча да бидеме подобри од Грција, во вкупен скор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


