| четврток, 6 декември 2018 |

Андов: Црвенковски треба да се повлече

Погрешната политика на Бранко Црвенковски сосема ја изгуби поддршката на меѓународната заедница и нејзините претставници се поотворено се оградуваат од аргументите на Црвенковски за бојкот на Парламентот и изборите, пишува Стојан Андов во најновиот број на неделникот „Фокус“.

Андов смета дека потребно е Црвенковски да се повлече и да остави друг да го организира конгресот на СДСМ во мај.

-Политичкиот простор на Црвенковски му се стеснуваше од час во час и тој само со полуинформации или сосем неточни информации го одржуваше единството на раководството на СДСМ за поддршка на бојкотот на изборите и за поднесување писмени оставки на пртениците од опозицијата. Таа политика го одведе СДСМ и целата коалиција на сојузот за иднина во потполн ќорсокак. Факт е дека се многу нејасни и изјавите што Црвенковски ги дава овие денови. Од нив не се гледа дали тој воопшто не се гледа како ќе се излезе од оваа криза, пишува Андов.

Тој смета дека токму поради тоа, добра е, иако малку задоцнета, идејата на Црвенковски за неговото повлекување од претседател на СДСМ.

-Но таа идеја може да даде некој добар резултат, само ако тој деновиве се повлече од политиката и да му остави простор на новото раководство, малку повеќе простор за да се адаптира на оваа и следната фаза на кризата без негово влијание да го подготви конгресот во мај и да се избере ново раководство.  Денес влијанието на Црвенковски всушност е многу слабо и немоќно. Тоа се сведува на неколку работи: прво, пуштање во медиумите дезинформации од страна на неговата околина дека се уште е можен политички договор за прекинување на изборните активности, што е очигледно измислица, смета Андов.

Ставот на Андов е дека Црвенковски го остварува своето влијание преку заканата за враќање на мандатите од пратениците на Сојузот за иднината.

-Таа мерка нема да го застраши ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Груевски, но дефинитивно ќе го урниса угледот на Црвенковски и на СДСМ како застапници на идеја која е остро нападната и карактеризирана како опасност за демократијата од сите релевантни меѓународни институции. Исто така, секојдневното казнување на бројни истакнати поединци од партијата со што сака да ја држи партијата на веќе докажаната губитничка политичка платформа. (Црвенковски ја лансираше тезата дека народот треба да се ослободи од стравот од власта, што е оправдана и нужна теза, но наспроти тоа тој создава атмосфера на страв од него кај раководството и членството на партијата), пишува Андов.

Тој додава дека сегашниот курс на парламентарната опозиција води кон уништување или барем маргинализирање на Сојузот на иднината. Затоа е потребна итна операција со која тој процес барем ќе запре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top