| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Пеле осуден на 33 години затвор

Pele-i-sin

Синот на легендарниот бразилски фудбалер Пеле, Едињо Чолби Насименто е осуден на 33 години затвор поради перење пари здобиени со трговија со дрога.

Едињо е уапсен во 2005 година, а и претходно е осудуван поради поседување дрога и дружење со наркобосови, пренесува „Би-Би-Си“. Тој е трет син на Пеле од првиот брак и претходно работел како тренер на голманите во Сантос.

Покрај клубот од Сао Паоло, бранел и за Португес, Сао Каетано и Понте Прету.

Едињо признал дека има проблеми со дрогата, но негирал дека се занимавал со трговија со наркотици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top