По шокантната вест со која „вечниот ерген“ конечно реши да се ожени и откаже од слободниот живот, уште нови гласини за холивудскиот актер. Наводно, Џорџ Клуни цврсто решил да се впушти во големата политика по планираната свадба со неговата свршеничка Амал Амадин идниот септември.
Познатиот американски актер никогаш не ги криел симпатиите кон Демократската партија на САД и е близок пријател со претседателот Барак Обама.
Покрај тоа, тој е активен поборник за човековите права, што е впрочем и еден од заедничките интереси кои го спојуваат со неговата идна сопруга
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.