Никола Јариќ, брат на славниот кошаркар Марко Јариќ, проговори за разводот на својот брат и Адриана Лима.
– Многу ни е криво. Не ни е сеедно за начинот на кој многу медиуми коментираат и осудуваат некои работи, без претходно да ги знаат фактите – рекол Никола.
Инаку, Никола, кој се бави со дизајн на облека, и неговата девојка Милица започнаа своја модна линија на спортско-елегантни дресови со кои Адриана се запозна и ја пофали нивната работа.
– Мене ми е побитно Адриана да ги носи дресовите отколку Марко – рекол Никола, шегувајќи се дека за Адриана имаат посебна линија со ознака БГ.
Лима пак за своето расположение ги извести своите обожаватели на инстаграм.
– Расположение, состојбата на мојот дух – напишала Лима под фотографијата од бесен пантер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.