| четврток, 6 декември 2018 |

Северина повикала полиција- ја следеле двајца мажи

Пејачката Северина Вучковиќ пријавила полиција дека двајца непознати мажи со денови ја следат ги снимаат заедно со нејзиниот син Александар. Тие, според исказот на Севе, во сребрен автомобил Пасат веќе три дена ја следеле и фотографирале. Стрпливо чекале дадилката да го изнесе детето на балкон, а се случувало да ги следат до блискиот парк.

ПОлицијата направила записник, а за сега никој не е приведен. Соседите веќе се навикнале на фотографите кои везден доаѓаат на нивната улица, но токму овие двајца кои ги криеле фотоапаратите им биле сомнителни. Тие посочиле дека повеќемината фотографи ги препознавале, а сега присуството на двајцата непознати ги вознемирувало.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top