| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на реизданието на книгата за деца „Феликс”

еврејска заедница

Во рамките на активностите на одбележувањето на 70 години од возобновувањето на Еврејската заедница, 1944-2014 година, заедницата вчера го промовираше реизданието на книгата за деца „Феликс“ на писателката Вера Николова. Промотор на книгата беше Мишо Китановски.
Наменет за детската читателска публика, романот „Феликс“ од писателката Николова првпат се издава во 1957 година, а вчера го доживеа своето прво реиздание, точно по 57 години од првото.
„Феликс“ е топла и искрена приказна за животот и прогонството на едно дете од скопските Евреи во мрачната 1943 година. На овој начин, писателката Николова гради траен литературен споменик посветен на македонските Евреи од кои 98 проценти беа убиени во логорот на смртта „Треблинка“.
Денешната Еврејска заедница во Република Македонија, како феникс, се издигна од најтешките времиња и оваа година одбележува 70 години од нејзиното возобновување по Втората светска војна, 1944-2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top