| четврток, 6 декември 2018 |

Советник од СДСМ прејде во ВМРО- ДПМНЕ

Еrdzan EminoskiЕрџан Еминоски советник од СДСМ во општина Прилеп прејде во редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Причината, како што наведува во својата изјава, е несогласувањето со политиката на СДСМ.

„Политиките на отпор, бојкот и постојано нанесување на штета на градот и државата не се ниту моја желба, ниту желба на граѓаните кои ги застапувам. Во услови кога Прилеп постојано се развива, кога Република Македонија чекори кон економски напредок, кога постојано се реализираат проекти за доброто на граѓаните, кога постојно се исполнуваат условите потребни за влез во ЕУ и НАТО јас не би можел повеќе да бидам дел од политиките кои свесно го уриваат напредокот на нашата држава, политики кои свесно ја кочат нашата држава и Општина Прилеп, политики на СДСМ кои сакаат црни сценарија, а не напредок на нашиот град и нашата држава”, истакна Еминоски.

За одлуката се консултирал со своите гласачи на последните локални избори, па од денеска ќе настапува како поддржувач на политиките на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top