Ерџан Еминоски советник од СДСМ во општина Прилеп прејде во редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Причината, како што наведува во својата изјава, е несогласувањето со политиката на СДСМ.
„Политиките на отпор, бојкот и постојано нанесување на штета на градот и државата не се ниту моја желба, ниту желба на граѓаните кои ги застапувам. Во услови кога Прилеп постојано се развива, кога Република Македонија чекори кон економски напредок, кога постојано се реализираат проекти за доброто на граѓаните, кога постојно се исполнуваат условите потребни за влез во ЕУ и НАТО јас не би можел повеќе да бидам дел од политиките кои свесно го уриваат напредокот на нашата држава, политики кои свесно ја кочат нашата држава и Општина Прилеп, политики на СДСМ кои сакаат црни сценарија, а не напредок на нашиот град и нашата држава”, истакна Еминоски.
За одлуката се консултирал со своите гласачи на последните локални избори, па од денеска ќе настапува како поддржувач на политиките на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)