| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дела од Графичката ликовна колонија Пешна-Локвица-Македонски Брод

Simon-Semov

Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложбата на дела од Графичката ликовна колонија Пешна-Локвица-Македонски Брод.
Графичката ликовна колонија е формирана во 1996 година од координаторот Славко Тренковски-Лок, со цел да ѝ се даде на графиката вистинско место, при тоа собирајќи ги на едно место врвните уметници – графичари кои оставаат траен белег за Македонски брод.
– Графичката колонија на дрворез е замислена како манифестација која ги сублимира сите досегашни препораки, настани кои Македонски Брод ги има како проекти. Нејзина главна цел е презентација на графичките листови. Низ годините на колонијата, учествувале голем број познати уметници од македонската и европската ликовна сцена кои оставиле богат фонд на дела, вели професор д-р Фехим Хусковиќ.
Вечерашната поставката брои 25 дела од уметниците Александар Тасески-Џинго, Амира Хазировиќ, Горан Јованов, Андријана Мациев, Асмир Хусовиќ, Лина Тренкоска, Симон Шемов, Благица Којчева, Славко Тренковски-Лок, Христина Стојчевска, Трајче Блажевски, Фехим Хисковиќ, Жарко Стевковски и Вера Николоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top