Во „Порта Македонија“ денеска ќе се одржи промоција на нови дела од проектот „Македонски искушенија“. Проектот предвидува печатење на 25 ексклузивни публикаци произлезени од документарните филмови посветени на значајни личности и настани од македонската историја, кои македонската јавност имаше можност да ги види на Македонската радио-телевизија во изминатиот период.
На промоцијата ќе зборува и министерката за култура Елизабета Канлеска-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.