Патријархот московски и серуски Кирил денеска му го честиташе изборот на Петро Порошенко на функцијата претседател на Украина и изрази надеж дека тој ќе го почитува мислењето на сите украински граѓани.
– Бидејќи дознав дека мнозинството граѓани ве избрале Вас за претседател на изборите на 25 мај, Ви ја честитам победата и ги делам со Вас своите мисли и надежи. Пред Вас е многу сложена и пресудна задача за наоѓање начин да ги смирите завојуваните страни и да направите се што е можно за повторно да се воспостави мир во украинското општество – се наведува во пораката на поглаварот на Руската православна црква упатена до Порошенко.
Патријархот Кирил додава дека информациите кои му пристигнуваат од Украина секојдневно му предизвикуваат болка, бидејќи луѓето умираат и страдаат, а земјата е зафатена од неслога и братоубиствена војна.
– Уверен сум дека, имајќи ги предвид актуелните услови, потребно е да се поддржи отворен дијалог со народот и државните лидери и да се почитува мислењето на сите граѓани – се додава во пораката на патријархот Кирил
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Страшно пророштво на рускиот патријарх: На човештвото му се ближи крајот на светот
-
Борко Ристовски: Радувај се Македонијо, имаш европски шампион!
-
Една од првите честитки за пресвртот на Барса стигна од Њу Ингланд: Добре дојдовте во друштвото!
-
МКФ се заблагодари до „Јасмин“ и Кавадарци и им честиташе на Вардар и Карпош Соколи



