| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ се заблагодари до „Јасмин“ и Кавадарци и им честиташе на Вардар и Карпош Соколи

petar naumoski

Македонската кошаркарска федерација преку соопштение до медиумите изрази благодарност до организаторот на кошаркарскиот Лимак Куп на Македонија, градот Кавадарци и салата „Јасмин“, како и испрати честитки до победниците во машка и женска конкуренција, Карпош Соколи и Вардар.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението од МКФ:

„ МКФ им ја честита победата на Карпош Соколи во финалето од ЛИМАК Купот на Македонија во машка конкуренција со која го освои својот прв трофеј во 20-годишното постоење на клубот.Честитките се адресирани и до женската екипа на Вардар која, идентично како и Карпош Соколи, го освои првиот трофеј во историјата на постоењето. Нека трофеите кои од синоќа ги красат вашите витрини бидат први од многу.

karpos sokoli

Македонската кошаркарска федерација сака да јавно да изрази благодарност до градот Кавадарци за гостопримството и на клубот Фени индустри за коорганизацијата на завршниот турнир од ЛИМАК Купот на Република Македонија. Спортската сала „Јасмин“ која беше домаќин на дванаесетте клубови беше исполнета до последното место на речиси сите натпревари, а навивачите им дадоа дополнителна мотивација на сите актери во играта на паркетот да внесат повеќе енергија. МКФ изразува и жалење што надвор од спортската сала останаа голем број луѓе кои сакаа да го проследат второто финале од завршниот турнир, но не можеа да бидат сместени внатре поради ограничениот капацитет.

vardar

Со огромна чест и задоволство канцеларијата при Македонската кошаркарска федерација може да потврди дека организацијата на сите натпревари од завршниот турнир на ЛИМАК купот помина без нималку проблеми. Македонската куќа на кошарката сака да и се заблагодари и на компанијата Лимак Холдинг која и ја остави сета доверба кон организирање на завршниот турнир во нејзини раце“.

edina musa

Се надеваме на успешна соработка и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top