| четврток, 6 декември 2018 |

Една од првите честитки за пресвртот на Барса стигна од Њу Ингланд: Добре дојдовте во друштвото!

serhio roberto

Пресвртот што го напрaви Барселона против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, дефинитивно ќе влезе во историјата на најголемите спортски пресврти. Избраниците на Енрике така ја продолжија серијата од неверојатни резултати што се случија во спортот во последнава година.

Во ЛШ никој не успеал да се врати по 0-4 во првиот меч, но Барселона успеа да го направи тоа , иако дури и во реваншот прими гол, па за пласман ѝ требаа дури шест гола во противничката мрежа. Но, Барса успеа да го достигне тоа и да го исполни претскажувањето на тренерот Луис Енрике кој пред натпреварот рече:

– Па што ако тие ни дадоа четири гола, ние може да им дадеме шест.

И, на крај тоа и се оствари, Барселона победи со 6-1 и остана во ЛШ. По победата меѓу првите на каталонскиот гигант и честитаа нивните спортски пријатели, шампионите во НФЛ, Њу Ингланд патриотс. Тие оваа година во Супербоул исто така направија нешто што не успеал ниеден друг тим претходно – го свртеа мечот во кој губеа со 25 поени разлика (3-28) против Атланта фалконс и ја освоија титулата.

barcelona

barcelona 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top