| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска во Берлин

radmila-sekerinska1

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, денеска во Берлин, беше гостинка на централата на Фридрих Еберт Фондацијата, каде се одржа состанок посветен на политичката ситуација во Република Македонија.

На состанокот, посебен акцент се стави на моменталната политичка ситуација по одржаните претседателски и парламентарни избори.

Во рамки на посетата, денеска и утре, Шекеринска ќе учествува и на Самитот  за енергетска безбедност. На Самитот ќе се разгледуваат геополитичките импликации врз глобалната енергетска безбедност и меѓународните односи.

Самитот е организиран од  Минхенската безбедносна конференција, а под покровителство на германските министри за надворешни работи, д-р Франк Валтер Штајнмаер и за економија и енергетика, Зигмар Габриел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top