Пратениците од СДСМ да дојдат во собранието и да си поднесат оставки, како што е законската процедура, а не да купуваат време со исценирање дека некој на сила ги внесува во Собранието, вели професорката по уставно право Тања Каракамишева-Јовановска во гостувањето на Канал 5 телевизија.
-Согласно Уставот на Република Макединија, законите, начелото на владеење на правото, сите оние демократски принципи врз кои што се поставени или засновни правниот и политичкиот систем на Република Македонија јасно е утврдена правната опција која што им стои на располагање на избраните пратеници на СДСМ, доколку сакаат на правен начин да не ги прифатат мандатите, односно да ги вратат мандатите кои што им ги дале граѓаните. Согласно Уставот единствената правна опција која што им стои на рапослагање е да си поднесат оставки и тоа лично на Седница на Собранието на Република Македонија. Доколку сакаат да ја почитуваат правната процедура, во тој случај не треба да навлегуваат во овие политички-правни лавиритнти, со цел злоупотребувајќи го правото да остваруваат одредени партиски и полтички интереси, изјави Каракамишева.
Таа вели дека ако сакаат да го почитуваат владеењето на правото треба да ги искористат правните механизми, да поднесат оставки и по демократкси начин да се спроведе понатамошната процедура на пополнување на испразнетите пратенички места
-Впрочем во неколку наврати во интервјуа и изјави посочуваат дека е нужна и потребна странска помош, странска медијација за решавање на овој т.н. политички проблем и политичка криза која што постои во Република Македонија. Ова неминовно ќе доведе до вовлекување на странскиот фактор во медијацијата меѓу двете страни како што во бројни наврати во минатото имавме инволвирање на странскиот фактор. Јас само не знам зошто не ја научивме лекцијата која што веќе неколку години па и децении по ред ја повторуваме и на стата лекција сме останале. Како не успеавме да сфатиме дека никој од надвор не ни мисли добро, односно не може да ни мисли подобро од ние внатре. Така што мислам дека целово ова сценарио на СДСМ, одолговлекување преку правни механизми, воведување на правото и злоупотребување на правото за политички цели има за цел да ја дестабилизира политички Република Македонија со цел потоа да се седне на преговарачка маса повторно со инволвирање на странски фактор и да се дојде до некое прифатливо решение. Милам дека целата оваа вештачки исконструирана политичка криза не и е потребана на Македонија, бидеќи во неколку извештаи наназад на Европската Комисија е констатирано дека Република Македонија има функционални институции и дека има нормален демократски систем и дека се може да се решава во рамките на институциите на системот. Нормално, доколку постои политичка волја. Никого не можеш на сила да внесеш во Собрание, на сила да внесеш во преговарачки состојби и тоа е она што опозицијата треба да го разбере: дека таа е таа која што нема конструктивност во своето политичко делување. Опозицијата е таа која што не сака оваа работа да се реши на мирен и ефикасен начин се со цел да продолжи демократскиот развој на државата, заклучи Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот