| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Косово: Мајка си ја убила ќерката затоа што ја видела со момче

убиство

Мимоза Кечи (40) со „калашников“ ја убила својата ќерка Г.К., а потоа си пресудила и себеси. Сопругот на Мимоза и тако на убиената девојка, наведува дека немале никакви расправии претходно и дека се сомнева во моментна караница.

Трагедијата се случила во Косово, а бидејќи нема сведоци на настанот и никој не знае што точно се случувало меѓу нив, се претпоставува дека причината е тоа што мајката не ја одобрувала врската на нејзината ќерка со едно момче.

Според наводите на полицијата, мајката прво ја удрила својата ќерка, а кога таа се обидела да побегне, повторно ја нападнала. Испукала три куршуми, кои биле смртоносни за петнаесетгодишното девојче.  Откако видела дека ќерка ѝ е мртва, напишала проштално писмо, по што се самоубила.

– Се изедовме сами себе, сега живејте мирно и што подолго –  се последните зборови, кои ги напишала оваа жена.

На местото на несреќата најдена е и коса, која жената самата си ја искубала, веројатно откако ја убила ќерка си.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top