| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија поразена од Камерун

Избраниците на Бошко Ѓуровски, загубија од Камерун со 0:2, во пријателски натпревар кој се одигра во Куфштајн, Австрија.
Македонските фудбалери во ниту еден момент не одговорија на поставените тактички задачи од селекторот Бошко Ѓуровски.

Најголем проблем Македонија имаше во редот за врска, каде многу тешко одеше организацијата на играта, а во првото полувреме ‘црвено-жолтите’ имаа проблеми со пресингот на противникот.

Головите за Камерун ги постигнаа Вебо во 52. и Мотинг во 84. минута од натпреварот.

Камерунците играа без својата најголема ѕвезда, Самуел Ето, како и без Беноа Асу – Екото, меѓутоа и нашата селекција на оваа мини – турнеја е без неколкумина стандардни фудбалери, дел од нив поради повреди, а дел поради клупски обврски. Да не заборавиме, ова е почеток на подготовките за еден квалификациски циклус, во кој ќе бидеме без нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, како и без Николче Новески, кои се откажаа од настапот во националниот тим.

Македонија единствената можност за постигнување на гол ја имаше во 70. минута, кога Илијоски од пет метри не успеа да го совлада камерунскиот голман.

Македонија следниот контролен меч ќе го одигра во Италија, на 30. мај, против репрезентацијата на Катар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top