Без речиси никакви промени ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ја формираат новата влада. Високи извори од најголемата албанска партија во земјава брифираат дека преговорите се во завршна фаза, а каровските решенија, официјално на јавноста ќе и бидат соопштени на 9 или 10 јуни.
Според последните информации, единствено, ќе има промена во Министерството за одбрана, од кое ДУИ се откажува во овој владин мандат. Се очекува на местото кое до сега го држеше Талат Џафери да седне Генералниот секретар Емил Димитриев, кој до сега беше Заменик министер за одбрана. Во замена за ова место, ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му го отспатпува Министерството за труд и социјала. Нема информации кој од кадрите на ДУИ ќе седне во оваа фотелја, ниту пак дали Диме Спасов ќе остане во Собранието, каде беше избран како пратеник, или пак повторно ќе добие нова функција во извршната власт.
Извесно станува дека нема да има рокади ниту во Министерството за внатрешни работи, каде Гордана Јанкуловска е на чело веќе три мандати. Иако извори не ја отфрлаат оваа можност, сепак, мали се шансите министерката за внатрешни работи да си замине од функцијата. Речи си сигурно е дека Зоран Ставрески останува на позицијата Министер за финансии и најверојатно повторно ќе добие и вицепремиерска позиција, а промени не се очекуваат ниту во секторите Здравство и Култура.
Иако се шпекулираше дека ДУИ ќе го отстапи Министерството за правда, станува извесно дека интегративците и во новиот мандат ќе раководат со овој ресор.
ДУИ веќе закажа Конгрес на 5 јуни на кој треба и официјално партијата да ги потврди министерските позиции и да и даде легитимитет на новата Влада.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот дека нема да изнесуваат детали од преговорите се додека тие не завршат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.