Младиот тим на актери и Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА) во вторник, на 27 мај во Драмски театар во Скопје ќе ја изведат претставата „Женски оркестар“ во режија на Ѓорѓи Ризески, а парите собрани од продажбата на билетите ќе биде наменет за лекување на нивниот пријател Томче.
Билетите се со симболична цена од 200 денари и можат да се купат на касата на Драмски Театер Скопје.
Женски Оркестар : Љубовта во секој живот е неопходна и апсолутно потребна за да ја донесе хармонијата на животот и мирот се до смртта. Мажот не може без жената и жената не може без мажот. Ќе играме и пееме за највозвишената љубов…
Текстот го режираше Ѓорѓи Ризески, а изборот на музиката е на Алмир Бајрамоски и Викторија Чочороска.
Играат :Драгана Левенска, Маја Дреца Ристески, Ема Кара, Александра Стојкова, Бобан Алексоски, Миа Кантарџиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.