
Секој здравствен работник вработен во јавна здравствена установа кој бил на стручно усовршување или оспособување должен е во рок од две недели по враќањето да изврши презентација пред стручниот колегиум на новата здравствена метода. Ова е првата мерка од новите измени на Законот за здравствена заштита.
Министерството за здравство испрати укажувања до здравствените уставнови за примена на последните измени на Законот, а кои имаат за цел унапредување на здравствената заштита на граѓаните.
Измените се однесуваат на докторите кои биле на усовршување во странство, новопримените доктори, здравствените установи каде се извршуваат хируршки зафати, лабораториите и друго.
– Станува збор за шест мерки на кои укажавме до здравствените установи, особено одговорните лица и здравствените работници, рече министерот за здравство Никола Тодоров.
Втората мерка се однесува на докторот на медицина, стоматологот или фармацевтот на терцијарно ниво има право и должност да ги усвои и самостојно да ги користи сите здравствени методи или постапки што се користат во јавните здравствени установи во која што е вработен во рок од две години од денот на вработувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Егзодус на белите мантили од Македонија: Вкупно 110 лекари заминале од државата за само четири месеци
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!


