| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Наша обврска е да го продолжиме делото на Свети Кирил и Методиј

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

vmro-dpmne1_11

-Денес Македонија го чествува ликот и делото на сесловенските просветители кои оставија траен белег не само во македонската култура и историја, туку и во европската цивилизација. Нивниот придонес во описменувањето и културното издигање низ Европа е дело должно за почит. Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација – стои во честитка од ВМРО-ДПМНЕ, по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Наша обврска е, се вели во честитката, да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет.

-Сите ние имаме аманет да дадеме свој придонес и во ова време за преку развојот и промоција на образованието и науката, да продолжиме по патот кој тие ни го  дадоа и понатака да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа. Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нивното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top