ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
-Денес Македонија го чествува ликот и делото на сесловенските просветители кои оставија траен белег не само во македонската култура и историја, туку и во европската цивилизација. Нивниот придонес во описменувањето и културното издигање низ Европа е дело должно за почит. Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација – стои во честитка од ВМРО-ДПМНЕ, по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Наша обврска е, се вели во честитката, да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет.
-Сите ние имаме аманет да дадеме свој придонес и во ова време за преку развојот и промоција на образованието и науката, да продолжиме по патот кој тие ни го дадоа и понатака да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа. Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нивното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



