Грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос го известил Бан Ки Мун за текот на преговорите и ја потенцирал „силната волја на Грција да има напредок во рамките на обидите што ги прави последните 20 години медијаторот Нимиц“.
– Грција има преземено важни иницијативи во овие рамки, како што е на пример нашиот предлогот за потпишување на меморандум за разбирање со Скопје, без при тоа да видиме соодветна реакција од другата страна. Се надеваме и очекуваме наскоро да се создадат услови во соседната земја кои ќе одведат до поконструктивен став од страна на нејзината власт, изјавил Аврамопулос по средбата.
На средбата на грчкиот министер за надворешни работи и Генералниот секретар на ОН присуствувал и медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.