| четврток, 6 декември 2018 |

Летово нема крштевки во манастирот „Свети Наум“

Во текот на месеците јули и август во манастиорот Свети Наум нема да може да се вршат крштевки, објави порталот „Охрид 1“. Дебарско-кичевската епархија донела ваква одлука за да се избегнат гужвите во манастирот кога е посетен од многу туристи и да се олесни функционирањето , а ваквото известување е објавено и во сите парохиски цркви во Охрид.

Бидејќи има мноу туристи и не може да затвориме црква ние сега за една крштевка. И во краен случај манастирот Свети Наум не е парохиска црква тоа е манастир. Во самиот манастир не може, а може да се прават крштевки ако некој сака во Света Петка или капелата Свети Кирил која е во самиот двор. Ова ќе почне од јули и ќе трае до август. Онај што ќе крсти дете може и утре и задутре да дојде бидејќи во принцип тој е од Охрид, а она кој дошол од Америка не можеме да му ускратиме можност да влезе во манастирот –  дециден е владиката Тимотеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top