Портите, дефинитивно, се во мода во Македонија, објави „Охрид њуз“. По изградбата на трумфалната порта „Македонија“ во центарот на Скопје, општина Вевчани направи порта, а неодамна порта доби и манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Во манастирскиот комплекс е во тек хортикултурно уредување на просторот, а на местото на привремените објекти и тезгите се поставени типизирани куќички за продажба на сувенири и слично.
фото: „Охрид њуз“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.