| четврток, 6 декември 2018 |

Туристичка промоција за привлекување Австријци

1009338865Македонија се претставува на Саемот за туризам во Виена со нови промотивни материјали, на голем штанд, со транспаренти, кои оддалеку го привлекуваат вниманието на посетителот.

Во организација на „Агенцијата за туризам“ и „Македонија – вечна“, Македонија го интензивира присуството и успеа да привлече туристи од Австрија, кадешто досега не постоел традиционален интерес за нашето културно наслеследство.

Македонската туристичка промоција пред Виенчани на саемот, кој се одржува кој се одржува до 9 до 13. месецов, ја поддржаа и четири приватни компании – австриско-македонската „Мак Сан Травел“, австриските „Клуг туристик ГмбХ“ и „Интер Травел Рајзебиро ГмбХ“ и македонската „Визит Маседониа“, како и Агенцијата за привлекување странски директни инвестиции и Амбасадата на Република Македонија во Виена.

Македонскиот штанд го посети амбасадорот на Република Македонија во Виена, Ѓорѓи Филипов. Во разговор со директорот на Агенцијата, Јордан Трајков, економскиот промотор Филип Нелковски и претставниците на сите четири компании, беше искажано задоволството од приемчивоста и интересот на Австријците за „новата туристичка дестинација“ и исцрпните материјали кои на германски јазик, го информираат посетителот за неоткриениот бисер на културата и природни реткости на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top