| четврток, 6 декември 2018 |

Нова победа на португалските надежи против Македонија

Португалија ќе игра на Европското првенство за фудбалери до 21 година идното лето, а европските Бразилци вечерва уште еднаш ја совладаа Македонија, овојпат со минимални 1-0. Тијаго Илори во 64 минута го постигна единствениот гол на мечот, што само ја потврди доминацијата на Португалците во осмата квалификациска група.

Гостите можеа да поведат во првиот дел, но Есгаијо промаши пенал, односно Столе Димитриевски му го одбрани ударот од белата точка во 39. минута. Интересно Португалците утнаа пенал и на првиот меч на свој терен што го добија со 2-0.

По 6 одиграни натпревари Португалија има максимален учинок и 18 бода, а Македонија со една победа и реми и 4 порази е на делба на последната позиција со Азербејџан. Овие две селекции имаат по 4 бода, а Азербејџан има и меч помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top