Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски.
На средбата, како што информира партијата, била разгледана демократската дебата пред, за време и по 18. конгрес на СДСМ.
Заеднички било констатирано дека на СДСМ му е потребно единство и внатрешна кохензија на, како што се вели, сите загрижени за состојбите во државата.
Оваа средба меѓу Заев и Црвенковски, според познавачите, значи дека актуелниот претседател на СДСМ ќе прима инструкции од Црвенковски како да продолжи со своето дејствување, со цел да ја продолжи деструктивната политика на социјалдемократите почната токму од Црвенковски со бојкотот на Законодавниот дом и да се најде излез до правниот лавиринт во кој партијата влезе со неприфаќањето на мандатите, пишува „Курир“.
Средбата меѓу Заев и Црвенковски, според експертите, воедно е и доказ дека СДСМ и актуелниот лидер, кој доби доверба на конгресот, не излегуваат од сенката на Црвенковски, кој и пред одржувањето на конгресот излезе со став дека целосно ја поддржува одлуката да се бојкотира парламентот.
Тоа што Црвенковски како деструктивна политика на СДСМ го практикуваше пред одржувањето на локалните избори со напуштање на Собранието, Зоран Заев сега продолжува да го спроведува преку непризнавање на изборните резултати и неприфаќање на пратеничките мандати. Актуелниот лидер на партијата најверојатно ќе продлжи да ја спроведува политиката на бојкот диригирана по инструкции на неговиот претходник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



