Oбновата на земјата и санирањето на материјалните штети од поплавите ќе се одвива во четири фази, ова го изјави премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Четири фази, како што истакнал Вучиќ, ќе се одвиваат низ обнова на електроенергетскиот систем, патната инфраструктура, санирање на штетите на куќите и другите објекти и што е од клучно значење креирање на економски раст и обнова на севкупната економска енергија на Србија.
Најголема штета е направена во електроенергетскиот систем на Србија, а Вучиќ додава дека ќе биде проблем да се стигне до јаглен. Србија на струја дневно губи 500.000 до милион евра, но ќе се обиде да покрене производство до 20-25 проценти.
Според Вучиќ, патната мрежа е повеќе оштетена од железничката и некои патни правци нема долго да бидат отворени за сообраќај, особено за товарниот, но српскиот премиер додаде дека во следните 10 дена мора да се започне со обнова на патиштата.
Најитно мора да се започне и со обновување на куќите, пред се на луѓето кои целосно останале без покрив над главата, па премиерот на Србија се надева дека оваа работа ќе биде завршена за два до три месеци.
Како четврти дел Вучиќ го назначи креирањето на економскиот раст и обновата на севкупната економска енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.