| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Четкар ќе настапи за 8 Март во Њујорк

Vladimir_Cetkar-s

Македонскиот џез гитарист, Владимир Четкар, на 8-ми март ќе настапи во реномираниот џез клуб „Блу Ноут“, на Менхетен, во Њујорк. Во светската престолнина за џезот, Четкар се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима, на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо, на тапани.

Како гостин на концертот кој ќе почне на полноќ ќе настапи и легендата на „Казабланка рекордс“, Ди Си Лару, кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит „Катедрали“.

Истиот ден во „Блу ноут“ ќе настапат и музичките џез и фанк икони, „Крусадерс“ (Crusaders) и тоа со славната стара постава: Џо Семпл, Вејн Хендерсон и Вилтон Фелдер, препознатливи по нивниот мега хит „Стри лајф“ (Street life), која таа вечер соул дивата Ренди Крафорд треба да го исполни во интимна атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top