| четврток, 6 декември 2018 |

„Еднаш трчаш, цел живот се фалиш“ – победнички транспарент на Скопски маратон

Победничката фотографија на конкурсот на Скопски маратон

Преку 6.000 учесници во сите трки кои се одржаа во склоп на целокупната организација и скоро исто толку луѓе, кои излегоа на улиците низ Скопје да ги подрат маратонците – овогодинешниот „Виз ер“ Скопски маратон беше најмасовната спортска манифестација во Македонија.

Мотив плус за публиката да излезе и навива беше и објавениот конкурс за најдобра фотографија и конкурсот за најдобар транспарент кој ги поттикна нашите граѓани да ја изразат својата креативност.

Во конкурсот за најдобар навивачки транспарент се пријавија 36 автори со вкупно 48 транспаренти, а жири комисијата одбра десет финалисти од кои трето место и награда пет книги од издавачка куќа „Темплум“ во вредност од 1.500 денари освои Ана Петровска.

008-Ana Petrovska - 3 mesto TRANSPARENT

Tрето место за транспарент

 

Второто место и награда десет книги од издавачката куќа „Темплум“ во вредност од 3.000 денари освои Огнен Јовановски.

002-Ognen Jovanovski - 2 MESTO TRANSPARENT

Второ место транспарент

Првото место и награда „Виз ер“ билет освои Злата Ѓуровска Брајовиќ.

014-Zlata Gjuroska Brajovic - 1 MESTO TRANSPARENT

Прво место за транспарент

Во конкурсот пак за најдобра фотографија се пријавија 75 автори со вкупно 139 фотографии. Од дванаесете финалисти жири комисијата одлучи третото место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 2.000 денари да му припадне на Ѓоко Петковски.

066-Petkovski Gjoko A 3 MESTO FOTO

Трето место за фотографија

 

Второто место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 3.000 денари да му припадне на Томислав Георгиев, а пак првото место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 4.000 денари да му припадне на Роберт Атанасовски.

065-Tomislav Georgiev A 2 MESTO FOTO

Второ место за фотографија

„Виз ер“ Скопски маратон изразува благодарност до сите креативни граѓани кои земаа учество во конкурсите и на тој начин придонесоа кон прекрасната атмосфера во градот, храбрејќи ги и поддржувајќи ги учесниците на маратонот, а воедно и до сите фотографи/фотографки кои учествуваа на конкурсот и со тоа ја збогатија фото-архивата на маратонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top