Победничката фотографија на конкурсот на Скопски маратон
Преку 6.000 учесници во сите трки кои се одржаа во склоп на целокупната организација и скоро исто толку луѓе, кои излегоа на улиците низ Скопје да ги подрат маратонците – овогодинешниот „Виз ер“ Скопски маратон беше најмасовната спортска манифестација во Македонија.
Мотив плус за публиката да излезе и навива беше и објавениот конкурс за најдобра фотографија и конкурсот за најдобар транспарент кој ги поттикна нашите граѓани да ја изразат својата креативност.
Во конкурсот за најдобар навивачки транспарент се пријавија 36 автори со вкупно 48 транспаренти, а жири комисијата одбра десет финалисти од кои трето место и награда пет книги од издавачка куќа „Темплум“ во вредност од 1.500 денари освои Ана Петровска.
Второто место и награда десет книги од издавачката куќа „Темплум“ во вредност од 3.000 денари освои Огнен Јовановски.
Првото место и награда „Виз ер“ билет освои Злата Ѓуровска Брајовиќ.
Во конкурсот пак за најдобра фотографија се пријавија 75 автори со вкупно 139 фотографии. Од дванаесете финалисти жири комисијата одлучи третото место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 2.000 денари да му припадне на Ѓоко Петковски.
Второто место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 3.000 денари да му припадне на Томислав Георгиев, а пак првото место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 4.000 денари да му припадне на Роберт Атанасовски.
„Виз ер“ Скопски маратон изразува благодарност до сите креативни граѓани кои земаа учество во конкурсите и на тој начин придонесоа кон прекрасната атмосфера во градот, храбрејќи ги и поддржувајќи ги учесниците на маратонот, а воедно и до сите фотографи/фотографки кои учествуваа на конкурсот и со тоа ја збогатија фото-архивата на маратонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.